Адетокумбо со 38 поени го предводеше Милвоки до триумф над Клиперс
Foto

Адетокумбо со 38 поени го предводеше Милвоки до триумф над Клиперс

Во ефикасен натпревар одигран рано утрово во Лос Анџелес, кошаркарите на Милвоки предводени од Јанис Адетокумбо славеа победа над Клиперс со 129:124.

Гркот мечот го заврши со 38 поени, 16 скока и девет асистенции, односно му фалеше само едно додавање за трипл-дабл ефект.

Резултати на другите натпревари од НБА лигата одиграни среда кон четврток:

Детроит – Њујорк 122:102

Индијана – Вашингтон 121:106

Атланта – Чикаого 93:113

Хјустон – Голден стејт 129:112

Торонто – Сакраменто 124:120

Мемфис – Минестоа 137:121

Далас – Орландо 107:106

Јута – Филаделфија 106:104.

ЛА лејкерс на Западот со биланс 6-1 (победи-порази) е на водечката позиција, додека на поредокот во Источната конференција лидер е Бостон селтикс со пет победи и еден пораз.

0 Коментари

Остави коментари