Адеми за ТВ 24: Не е време да се делиме на патриоти и предавници

Претседателот на собраниската комисија за европски прашања Арбр Адеми во емисијата 24 анализа рече дека протестите се загарантирани со устав и се организираат во рамките на законите и секогаш е дозволено да се изрази револт.

Во вакви околности, не очекував протести, дека четирите најголеми политички партии се стремевме за постигнување на стратешките цели, НАТО и ЕУ. Во протоколот е во насока на имплементација на еден дел од договорот зсо Бугарија, кој не е дел од Преговарачката рамка. Треба да се воздржиме од насилство, протестот треба да биде исконтролиран. Се работи за наш имот и нне треба да оставиме лоша слика. Имаме лажни пропафанти и партиски пропаганди Не е време да се делиме на патриоти и предавници - рече Адеми.