АДЕМИ: УЧИЛИШНАТА ГОДИНА ПОЧНА БЕЗ ПРОЕБЛЕМИ, ВО ТЕК Е ДИСТРИБУЦИЈА НА БЕСПЛАТНИ УЧЕБНИЦИ

Ќе има учебници по сите предмети за основците. Дистрибуцијата во училиштата се одвива според утврдена динамика.- уверува министерот за образование Арбр Адеми. Учебниците кои треба да се печатат дополнително се во фаза на постапка за евалуација на понудите. Во меѓувреме од оваа учебна година во дел од училиштата стартуваше реформата „ Тандем“ со која се предвидува двајца наставници да го спроведуваат часот по физичко образование. За оваа реформа Адеми тврди дека родителите нема да бидат изложени на дополнителен трошок. Министерството за финансии одобри вработување на дополнителни наставници по физичко но во оние училишта кои доставиле барање за ангажирање на дополнителен наставник.

На стартот на новата учебна година растат и трошоците во семејниот буџет.

Стартот на новата учебна година започна со предупредувачки штрајк на СОНК со барање за повисоки плати на наставниците, но и со скандалозни информации врзани за скопското основното училиште „ Лазо Ангеловски“ каде била вработена учителка која објавувала лични експлицитни фотографии и видеа. За овој случај министерот Адеми рече дека дополнително ќе се испитува бидејќи не бил информиран. За овој настан родителите на социјалните мрежи негодуваат поради тоа што надлежните не ја расчистиле дилемата за тоа каков наставен кадар се вработува во образовните институции.