Адеми: Прашање на време е кога ќе бидат испечатени новите учебници

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура во понеделник повторно ќе седне на маса со министерот за образование арбер адеми, кому му поставија ултиматум -  доколку не ги прифати барањата за повисоки плати, ќе следува генерален штрајк.

Адеми вели не сака ниту да помисли на лоши сценарија како штрајкот, затоа што е оптимист дека ќе има одговор. На прашањето за недостатокот на учебници како и лошиот квалитет, вели прашање на време е кога ќе излезат од печат новите учебници, а оваа недела ги потпишал одлуките за избор на најповолна понуда.

И покрај доцнењето, за него ова е успешeн процес, затоа што вели, за прв пат после 5 години имало ваква јавна набавка.