Адеми: Одлуката за укинување на балансерот е неуставна
Интегративците вечерва на прес конференција пред Уставниот суд, со порака дека одлуката на судот за укинување на балансерот според нив е неуставна и ќе предизвика негативни последици врз меѓуетничките односи.
Одговарајќи на новинарски прашања Арбер Адеми со уште стотина поддржувачи посочи дека ќе ги разгледаат сите демократски механизми кои им стојат на располагање и не ја искулучуваат можноста за протести, но за тоа допрва ќе одлучуваат.