Ацески во СТУДИО 10: Системот на УКИМ е распаднат однатре, студирањето е формалност

Кога го посматрате УКИМ од страна односно каде се наоѓа во светски рамки и кога го посматрате однатре во однос на квалитетот на студирање, мојот впечаток од изборите за ректор на УКИМ е дека Универзитетот е во криза а тоа ќе се подобри со подобрување на условите и зголемување на платите. Сепак, се покажува дека системот на УКИМ е однатре распаднат. Се согласувам дека патите се мали и малку се вложува како и условите за студирање се лоши. Но, она што недостига е евалуацијата за да може и државата да инвестира во оваа независна институција. Прашањето е каков кадар излегува од УКИМ, а УКИМ одби надворешна евалуација, вели универзитетскиот професор Илија Ацески во СТУДИО 10 на ТВ 24.

- Многу малку постои елементарна свест дека Болоскиот процес и кредит систем е многу одговорен и има два момента кои ние ги запоставивме - прво работата со студентот, а второ научно-истражувачката работа. На УКИМ тоа не се случува, вели проф. Ацески.

Ацески вели дека самите одговорни на УКИМ не го поставија како проблем недостигот на кадар и големиот број студенти. Според него, целата процедура на студирање се сведува на формалност оти не е можно еден професор да посвети внимание на 500 семинарски трудови.