АA на Таравари усвои декларација за политичко дејствување

Со усвојување Декларација за политичко дејствување, Алијансата за Албанците (АА) на претседателот Арбен Таравари синоќа во Тетово го заврши петтиот вонреден конгрес. 

Како што изјави Таравари, декларацијата е надоградување на постојната од 2022 година и ќе биде политички патоказ до 2026 година. Според Таравари, промените се потребни зашто сега партијата е дел од власта. На конгресот едногласно е избрано и Централното собрание на партијата.