90 илјади невработени, а 10 илјади слободни работни места
90 000 невработени лица а дури 10 000 слободни работни места се регистрирани во државава за првото тримесечје годинава, покажуваат новите анализи на државниот завод за статистика. Според податоците добиени од истражувањето, најголем проблем со вработување имаат компаниите со 10 до 49 вработени. Најголем број слободни работни места, 2 346, има во групата на работници во услужни дејности и продажба. Потоа следуваат преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало и угостителстово.
Преработувачка индустрија 2 174
Трговија на големо и на мало 2 067
Сместување и послужување храна 1 023
Во однос на бројките за невработени луѓе во Макеоднија, податоците покажале 62.4 % од невработѕените се мажи, а 37.6 % жени. Бројот на вработени лица бележи намалување од 0.3 %. Неформалната вработеност пак се зголемила за 4.3% од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 43.6 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.5 % во секторот Градежништво.
Вработени: 707 385 лица
Невработени: 90 499 лица
Неформално вработени: 94 197 лица
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, вели дека бројката од 90 000 невработени луѓе не е целосно точна бидејќи во таа статистика, според него имало и луѓе кои бил корисници на социјална помош и луѓе кои работат на црно. Вели дека потребно е да се направат законски измени за да може да се тргнат сите луѓе кои работат на црно или користат социјална помош, за да се дојде до реалната бројка.
Бесар Дурмиши, министер за економија
- Треба да направиме и измени на закон. Бидејќи и да ги најдеме тие треба законски измени што ќе им дадат можност на Агенцијата за вработување да ги извадат тие луѓе од списокот на неварботени лица. Дополнително ќе направиме и измени на другиот закон каде ќе го заокружиме функционирањето на овие лица. На пример еден предлог може да биде сите што ќе бидат најдени дека работат на црно да не може да се пријавуваат за социјална помош затоа што ја злоупотребуваат можноста
Директорот на Агенцијата за вработување Аднан Ејуп за ова прашање вели дека освен законските измени бројот на невработени луѓе се намалува и со активните мерки донесени уште од 2007 година. Според него, мора повеќе да се работи на ова поле бидејќи европската реформска агенда на државата и налага дека до 2027 година мора да ја намали невработеноста за 40%.
Аднан Ејуп, директор на Агенција за вработување
- Европската реформска агенда нас не притиска минимум до 2027 година да имаме 40% намалување на невработеноста. Со активните мерки ние ќе придоенсеме мал процент од тие невработени активни лица да основаат свои фирми и да се вработуваат но таа бројка не може а ја прочисти во целина, тој список да го чисти но ќе придонесеме со активните мерки.
Во меѓувреме на страната на Агенцијата за вработување постојат огласи за работа кои нудат плати под минималната. За тој проблем и директорот на Агенцијата за вработување Ејуп и министерот за економија Дурмиши кажаа дека ќе работат со трудовиот инспекторат за решавање на проблемот, бидејќи според закон работодавачите мора да ја исплаќаат минималната плата.
Еден од главните проблеми на македонската економија е работата на црно. Голем дел од овие 90 000 невработени граѓани според експертите работат на црно и добиваат пплата во пли и социјалан помош од државата.

