81 пратеник гласаа за Северна Македонија
Foto

81 пратеник гласаа за Северна Македонија

Пратениците со 81 глас и речиси без збор ја изгласаа Северна Македонија. Се смени и преамбулата, формулацијата за дијапсората, а се потенцира и границата. Пратениците не беа расположени за дискусија - од исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ амандмански побараа Северна да се користи само за надвоешна употреба - Зеав го одби амандманот и порача заошто како што рече било неопходно да се прифати ерга омнес.

Пратениците од независната пратеничка група им порачаа на довчерашните сопартијци дека тие не се предавници, но и дека моментот е чувствителен и затао тие ја прифатиле како што рече должноста и придонеле за зајакнување на идентитетот. Епилогот со гласањето следуваше по целодневната драма - Заев и Касами повторно се натегаа околу формулацијата за државјанството во уставниот закон. Касами се откажа по бришењето на терминот македонски од документите на албански јазик, а Заев прифати измени на уставниот закон, како и етничка графа за заедниците во личните карти. Компромисот меѓу Заев и Касами, доби поддршка од осумката.

Седум месеци откако Македонија и Грција го потпишаа договорот во Преспа - земјава ги исполни обврските. До 2/3 Заев дојде со политички пазар за закон за амнестија за Крвавиот четврток, измени на кривичниот законик со кој се намалија казните за дела за јавни набавки, со кои Сеад Кочан и Василије Авировиќ добиваат шанса за условна казна, како и со измени во преамбулата во која се впиша и Рамковниот договор, и се прецизираат етничките заедници.

0 Коментари

Остави коментари