81 казна за пешаци и велосипедисти кои користеле на мобилен на пешачки

Пешаците, велосипедистите и оние кои управуваат со мотори и тротинети и користат електронски уреди се соочуваат со предупредувања и санкции. Надлежните апелираат дека со овој потег се загрозува безбедноста на учениците во сообраќајот. Целта на казните е да се подигне свеста кај граѓаните.

„Казната за оние пешаци кои поминуваат пешачки премин, зборувајќи на мобилен телефон или гледајќи во него изнесува четириесет евра. Додека пак за велосипедистите или за оние кои возат и управуваат со мотори како и тротинети, а користат електронски уреди-казната изнесува педесет евра.“           

На прашање на Тв 24 од МВР ни одговорија дека од стапувањето на сила на овие мерки досега на територија на Скопје се изречени 81 санкција.

Министерство за внатрешни работи

„Ве известуваме дека на територија на СВР Скопје во период од 26.09.2025 до 06.04.2026 констатирани се 152 предупредувања и 81 санкција.“

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи изминатава недела реализираа превентивна кампања „Недела на пешаците“ со цел поттикнување поголема внимателност, почитување на сообраќајните правила и меѓусебна толеранција помеѓу возачите и пешаците. Апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, а пешаците да избегнуваат користење на слушалки, мобилни телефони и други електронски уреди при движење и преминување на улица.