80 години ССМ
Работникот мора да има свој организиран глас, за да ја брани социјалната правда и достоинството порача првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов на одбележувањето на 80 години од своето формирање, истакнувајќи го јубилејот како значаен момент во историјата на македонското синдикално движење.
На свечената седница присуствуваа актуелното раководство на ССМ, претставници на гранските синдикати, поранешни претседатели на Сојузот на синдикати, членови, поддржувачи и гости, кои се осврнаа на развојот на синдикалното организирање во земјата и на предизвиците со кои се соочуваат работниците денес.
Во обраќањето пред присутните, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, се осврна на значењето на јубилејот, на постигнувањата на синдикатот во изминатите децении и на заложбите за подобрување на работничките права и животниот стандард. Потсети на пораката што стои во архивските записи од Првиот конгрес во 1946 година.
На свечената седница беа истаканти заложбите на претходните претседатели и раководства на ССМ и беа врачени благодарници за вложените напори за синдикализмот и подобрувањето на статусот на рабоптникот.

