76 години од депортацијата на македонските Евреи

Големата и на почеток забрнета љубов на неговите родители Естер Коен и Александар Младеновски, ги спасува од трагичната судбина на евреите, Благоја и неговиот брат не се дел од 7. 144 депротирани македонски евреи кои возот ги симнува на последната станица од нивниоот живото во логорот Треблинка. Нивнта приказна е инспирација и на филмот Трето полувреме на режисерот Дарко Митревски . На одбележувањето на 76 години од депоратцијата на Евреите Благоја Младеновски, повторнио се сеќава на ужасот на неговите роднини, кога од Скопје трегнуваат на патот од кој никој не се вратил, муѓи нив биле и целото семејство на на неговата мајка. Неговиот татко, кој бил познат фудбалер се спртоитставил, на родителите кој не ја одобрувале љубовта, но сепак ги сокриле во нивната куќа, живелее во низвеснот и страв на таванот од семејната куќа. 

Благоја вели дека живееле сиромашно, но со многу љубов, на која ги научиле неговите родители, тој имал една ипол година, но се сеќава дека неговата мајка не можаела за последен пат да ги види нејзините најблиски кој чекале од Скопскиот монополот да заминат во логотрот на ужасот. Благоја и покрај гоглотата која ја преживеал со неговтотот семејство и во Македонија и во Израел, сепак е воден од пораката на неговата мајка дека само љубовта може да го победи злото. На одбележување на годишнината на на Холокаустот на Евреите во држвата се одржа и свечена церемонија за отворање на постојана изложба на мемроијалниот центар на Холокаустот.

Во Треблинка биле убиени 98 проценти од вкупното еврејско население во земјава во 1943 година, што е меѓу најголемите проценти во светот. Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева која вчера учествуваше во одбележувањето на 76-годишнината од Холокаустот истакна дека Бугарија не успеала да ги спаси евреите од Вардарска Македонија.