71 годишен скопјанец 15 месеци чека на закажана операција во ГОБ 8 септември без образложение
Потребен е елективен операционен зафат на жолчното ќесе, за дочниот датум на интервенција ќе бидете известени телефонски.
Ова стои во болничкиот упат на 71 годишниот скопјанец Јован Кузмановски - издаден во февруари 2025 година од Градската болница 8 септември.
Но и по поминати 15 месеци, телефонски повик од медицинскиот персонал не добив, раскажува за ТВ 24 Кузмановски. Образложенијата зошто се одолжува операција беа вели различни, немаме материјал - или не сум меѓу приоритетните пациенти.
Кузмановски вели дека ги добил сите потребни лекарски одобренија за операција кои биле неопходни - со оглед на тоа дека имал претходно добиено и мозочен удар. Секој ден одложување на операција за мене е ризично, вели тој.
Докторката која го има издадена болничкиот наод и упат за операцијата на Кузмановски прати листа од 50 извршени елективни операциони зафати за изминативе 15 месеци.
Меѓу нив не бил Кузмановски оти бројот на ваквите зафати бил намален поради реновирање на дел од салите, а приоритет им бил даден на пациентите со малигни заболувања.
Д-р Александра Божиновска
- Заради реновирање на салите во ГОБ 8-ми Септември бројот на елективни оперативни интервенции е намален, на ниво на болницата и на ниво на секој хирург поединечно. И во однос на елективните оперативни зафати предност имаат пациентите со малигни заболување.
Докторката дополни дека Кузмановски ќе биде повикан. Замоли за разбирање оти сепак како што посочи се работело за пациенти со бенинга дијагноза.

