70 случаи на шуга за три месеци

Над 70 случаи на шуга за три месеци го активираа алармот кај здравствените власти. Најверојатно, в среда ќе заседава Комсијата за заразни болести токму за оваа состојба.

Според извештајот на ИЈЗ само за месец март регистрирани се 33 случаи. Сепак според лекарите место за паника нема, иако брзо се шири, но лек има.

Дел од лекарите претпоставуваат дека бројката на заразени е поголема од таа што е пријавена. Како причина посочуваат дека е срамот кај заразените бидејќи не претпоставуваат дека во денешно време можат да се заразат од шуга.

Шугата е состојба на иритирана кожа, а застапена кај сите возрасни групи без разлика на социјалното ниво.

Предизвикувач е паразит и манифестацијата на болеста е од токсичните агенси и супстанци кои тој ги испушта. Децата се најизложени на оваа болест. Паразитот надвор од човечкото тело живее два до три дена.