70% намален прометот во угостителските објекти во Охрид и Струга, се откажуваат и резервации за сместување
Foto

70% намален прометот во угостителските објекти во Охрид и Струга, се откажуваат и резервации за сместување

Новите рестриктивни мерки и порастот на заболени од ковид освен што ја намалија работата и прометот во угостителството почнаа да ги откажуваат и бројните резервации на странците за престој во Охрид, иако до пред само две три недели се чинеше дека туризмот бавно но сигурно почна да се враќа во форма. 

Деновиве забележлив е револтот на гостите кога во кафуле или ресторан ќе ги вратат и нема да ги пуштат без вакцинален сертификат.

Мерките освен што се задоцнети и создаваат огромен револт особено кај угостителите влеваат и страв и кај гостите вели Наумов.

Бројката на заболени и во двата туристички центри од ден во ден е двоцифрена и се поголема.се зголемува и притисокот врз болниците. 

Здравствените работници велат лошата епидемиолошка слика е резултат на големата фреквенција на луѓе периодов низ чаршијата го раните утрински часови на многубројните концерти, забави и свадбени прослави.

0 Коментари

Остави коментари