63 празни столчиња за 63 загинати млади луѓе во „Пулс“ – Кочани и Македонија им одаддоа почит

365 дена откако 63 млади луѓе ги изгубија своите животи. Една година откако 63 млади луѓе  останаа без своите најблиски, своите домови, своите соништа. 365 дена милиони  неодговпорени прашања меѓу кои  и најважното – кој дозволи 63 луѓе да отидат на забава и никогаш повеќе да не се  вратат дома.

63 празни столчиња, болка, солзи, но и љубов и гордост за 63 млади луѓе.  До пред една година беа полни со живот, кој на најлош можен начин беше прекинат со пожарот во дискотеката Пулс.

Кочани и Македонија им оддаде почит. На комеморацијата - сеќавање за секој еден загубен живот од Пулс.