54-то издание на „Мајски оперски вечери”
Со премиерата на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, вечерва во 20 часот ќе биде отворен 54. фестивал „Мајски оперски вечери“ во Националната опера и балет во Скопје. Фестивалскиот оган ќе го запали нашата сопранистка со меѓународна кариера, Ана Дурловски. Седум оперски претстави од Пучини и Верди ќе бидат на програмата на врвниот фестивал, кој ќе трае до 31 мај.

