50-ти Марш на ангелите
Во Кочани денеска се одржува нов протестен марш. Почетокот е во 17:05 часот од Паркот на Револуцијата. Организаторите велат дека нема да се откажат сè додека вистината не излезе на видело и нема да дозволат да бидат замолчени.
„Педесет пати на улица и во судница – со истата болка, истите прашања и истото барање: вистина, одговорност и правда. По педесет рочишта, сè уште чекаме – во неизвесност и исчекување на одлуката. Но нашата истрајност е посилна од секое одолговлекување“, велат организаторите на „Маршот на ангелите“.

