50-годишна жена роди здраво бебе во Гинекологија - Чаир
Foto

50-годишна жена роди здраво бебе во Гинекологија - Чаир

Убава вест од гинеколошката болница во Чаир - „Мајка Тереза“. 

ТВ 24 дојде до информација дека 50-годишна трудница роди здраво бебе по 27-годишна битка со стерилитет.

Од болницата велат дека целиот медицински тим од лекари - гинеколози и сестри, целата бременост успешно ја третирале, мајката и бебето се добри и деновиве треба да ја напуштат болницата.

Ова, според статистиките на болницата, е највозрасната родилка регистрирана во болницата во скопски Чаир.

0 Коментари

Остави коментари