47 училишта вчера добиле лажни закани за бомби

Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки. На електронските адреси на 30 училишта во Скопје и 17 во Куманово биле испратени заканувачки пораки, по што полицијата веднаш извршила проверки и утврдила дека нема реална закана. Од МВР информираат дека се преземени сите неопходни мерки и активности, а учениците биле безбедно евакуирани. Поради дојавите, дел од попладневните училишни активности вчера беа прекинати, особено во општина Аеродром, каде првично беа забележани најмногу закани.