47 годишен Охриѓанец ја искршил таблата на бугарскиот клуб
47-годишен Охриѓанец е лицето кое вчера ја искрши таблата на која беше испишано името на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, отворен минатата недела.
Сам се пријавил во полиција. Од СВР Охрид најавија дека за делото ќе го известат и бугарското здружение бидејќи гонење за ова дело е по приватна тужба.
- Во консулатација со јавен обвинител, СВР Охрид до Здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл.243 ст.3 гонењето за делото се презема по приватна тужба“,
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за националниот севис вели дека државата треба да изнајде механизми со кои ќе се забрани регистрација на вакви клубови кои ги повредуваат чувствата на македонскиот народ.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ порача дека називите на бугарските клубови со контроверзни имиња не придонесуваат за негување на добрососедските односи .
Евроамбасадорот Дејвид Гир не сака да се навлегува во толкување на историјата.
Ова е втор бугарски клуб во земјава со спорно име кое се поврзува со фашизмот по отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола во април годинава. На повидок е и отворање на нов бугарски клуб „Цар Фердинанд“ во Богданци, а од Министерството за правда во меѓувреме работат на нов закон со кој би се доуредила процедурата за тоа кој и на каков начин може да регистрира здружение во земјава.

