42 судии и 10 обвинители отидоа во пензија, замени нема, судскиот систем пред блокада

Уставно или не? Според закон или спротивно на него? После насилството во Собранието и неизгласувањрето на судиите и јавните обвинители повторно да им биде продолжен мандатот, на денешната на моменти тензична расправа, мнозинството членови на Судскиот совет донесоа заклучок со кој на 42 судии им го констатираше престанокот на мандатот и тие од утре и официјално ќе бидат пензионери.

Иако гласаа „ЗА“ пензионирањето на судиите сепак Селим Адеми, Сашко Георгиев и Весна Дамева кажаа дека тие уште на почетокот на годинава барале да се разговара за проблемот со недостиг на судии.

Од присутните девет членови на денешната седница против ваквата одлука беше судијката Мери Радевска која излезе од салата и не гласаше за пензионирањето на судиите. Радевска се обидуваше да ги убеди колегите дека со ваквата одлука Судскуиот совет го прекршува Уставот.

На ова возврати потретседателот Селим Адеми кој меѓу другот откри дека Судскиот совет во минатото одлучувал според непостоечки закон.

Денеска и Советот на јавни обвинители констатираше дека на 10 обвинители им истекува мандатот а со тоа и тие како и нивните колеги судии од утре ќе одат во пензија. 

Собранието вчера не ги изгласа измените на Законот за работни односи со кои работниот век на судиите и јавните обвинители ќе им беше продолжен за 3 години, а токму вчера беше последниот рок за гласањето, кое не стигна до пленарната седница поради интерпелацијата за собранискиот спикер, Талат Џафери.

Министерот за правда, Никола Тупанчески, вчера изјави дека престанокот на работниот однос на судиите и јавните обвинители може да доведе до застарување на предмети а многу судски постапки ќе треба да почнат одново.