41 од смртта на Јосип Броз Тито
Foto

41 од смртта на Јосип Броз Тито

На денешен ден пред 41 година почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија маршалот Јосип Броз Тито Роден е на  мај 1892 во Кумровец.

Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Со Уставот на СФРЈ од 1974, Тито бил прогласен за доживотен претседател на земјата, што исто така значајно ги блокирало демократските процеси во државата.

Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок - НАТО и Варшавскиот договор.

Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени, за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други, диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб досега го посетиле повеќе од  20 милиони луѓе.

0 Коментари

Остави коментари