40 студенти од цела европа ќе поминат еден семестар во Штип
Штипскиот универзитет е домаќин на 40 студенти од цела Европа. Преку ЕРАЗМУС плус програмата овде ќе поминат еден семестар. Така ќе разменат искуства со своите македонски колеги. Најбројни годинава се студентите од Италија. Сместувањето и понатаму останува најголемиот проблем за универзитетот, што се уште чека пари за изградба на студентски дом во Штип.
Информации, искуства и креативни идеи ќе разменуваат 40 студенти од Европа со своите македонски колеги. На штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ќе поминат еден семестар преку Еразмус плус програмата. Годинава најбројни се студентите од Италија, а пракса во лабараториите ќе реализираат и група студенти од Шпанија.
Досега штипскиот универзитет има склучено договори со околу 3ОО универзитети ширум Европа.
- „Го избрав овој универзитет затоа што има потпишано договор за соработка со нашиот универзитет, Ме интересираат различни култури, а исто така ме привлече и тоа што тука можам да студирам на англиски јазик“, рече Катја Окоњска, студент на медицина од Полска.
- „Јас сум студент на компјутерски науки и овде сум поради склучениот договор, но истот ака ме интересира Штип и останатите македонски градови, се надевам дека семестарот ќе биде успешен“, вели Илијас Амиди, студент од Франција.
Сместувањето и понатаму останува најголемиот проблем за универзитетот, што се уште чека пари за изградба на студентски дом во Штип.
Изминативе четири години и над 15О студенти од УГД заминале на универзитетите низ Европа. Тие имаат и шанса за практичина работа во најголемите светски компании.

