40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“
Во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“, денеска во Дебар Маало ќе биде откриен мурал посветен на овој симбол на македонската детска култура.
Со овој настан започнува прославата на јубилејот и најавата на нови содржини за најмладите, најавуваат од организаторите.
-Tоа е повеќе од емисија, тоа е некое културно наследство и тоа може да се обновува и да се појавува повторно и повторно. И, практично, луѓето го паметат таа генерација што као деца гледале, сега пораснаа, сега станаа родители и гледаат некои можности во тоа да ги образуваат или да ги забавуваат своите деца. Јас со Бушава азбука остарев практически, 40 години, тоа е озбилна старост за нешто на телевизија и не е така свежа и не е така модерна како што беше кога се појави, вели Слободан Унковски, режисерот на „Бушава азбука“.

