40 дена од трагедијата во Кочани - непребол, тага и огромна загуба
Ништо не насетуваше дека онаа мала искра може да ескалира во толку голема трагедија. Недоволно сериозно ни изгледаше на почетокот, но потоа сè се одвиваше многу брзо, сведочи за 24 Љубомир Игнатов, еден од преживеаните во страотниот пожар во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани во која загинаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени.
Игнатов вели дека се наоѓал на една од подалечните точки од вратата на дискотеката и се радува бидејќи имал многу голема среќа што успеал да се спаси и поминал со полесни повреди. Објаснува дека сè уште има дупки во сеќавањето од кобната вечер.
И денес, кога навршуваат 40 дена по огромната трагедија во Кочани, градот е завиен во црно, а граѓаните скршени од болка велат никогаш нема да ја заборавиме таа мартовска вечер.
Истрагата за пожарот во дискотеката на смртта, каде сè уште се вршат истражувања е во тек. Кочанчани очекуваат одговорност, а родителите и блиските на загинатите секоја сабота бараат правда за своите ангели.
Овој транспарент овде остана да сведочи како потсетник пред зградата на Основното Јавно Обвинителство во Кочани за огромната трагедија што се случи во поновата историја на државата.