35 000 странски туристи со чартер летови ќе доаѓаат во Скопје и Охрид - се очекува прилив од 50 милиони евра

Дополнителни 50 милиони евра се очекуваат од нови 35 000 туристи од Германија, Франција и Велика Британија кои со чартер летови ќе доаѓат во земјава во Скопје и и Охрид. Ова е договорено со германската Ер ес де групација која ќе организирана балканска тура на странски туристи, во кој влегува и земјава како туристичка дестинација. Ноќевањата што ќе ги реализираат новите туристи претставуваат и до 1 % од вкупниот број на годишни ноќевања на туристите во земјава.