34 години од формирањето на македонската Армија

Со повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата.

По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.

34. роденден на Армијата ќе биде одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип со смотра на Вториот пешадиски баталјон и други армиски единици.

На одбележувањето, како што најавија од Генералштабот, ќе присуствуваат претставници од повисоката команда во Армијата, градоначалници, директори и раководители на јавни претпријатија и установи во Штип, претставници на верските заедници.