334 санкционирани возачи во Скопје: 200 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 200 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).

Изречени се две мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за некористење сигурносен појас... 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.