330 медиуми се пријавиле за платено политичко рекламирање за локалните избори
За претстојните локални избори во Државната изборна комисија за платено политичко рекламирање се пријавиле 333 медиуми. Овој број не е конечен, затоа што се проверувале уште апликации. Од нив, 257 се интернет портали, 43 се радио станици, пријавени се 33 телевизии и осум печатени медиуми.
Според информациите, ќе бидат потрошени околу 10 милиони евра, а дел од парите ќе се искористат за административни процедури.

