33 граѓански организации бараат повлекување на предложените измени на законот за минерални суровини

33 граѓански организации се противат на измените на законот за минерални суровини кои владата предлага да бидат усвоени на собраниската седница закажана за наредниот понеделник по скратена постапка.

Според невладините предложените законски измени содржат големи пропусти за заштитата и одржливото користење на минералните суровини како најзначајни природни ресурси на државата.

Бараат експертската јавност и сите заинтересирани граѓани да бидат вклучени во процесот на усвојување на законот во редовна постапка.