300 учесници од 6 земји на 4. Стопанска Триоги триатлон утре во Скопје

Четвртиот градски триатлон - спринт дистанца Стопанска Триоги триатлин 2024 ќе започне утре во 8.15 часот со првата категорија на базенот „Борис Трајковски“. Сениори, мастерси, јуниори и рекреативци први ќе испливаат 750 метри, ќе возат 20 километри велосипед, па ќе следува трчањето на 5 км.

Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот „Борис Трајковски", за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.

Речиси 300 натпреварувачи од 6 земји се пријавија на 4. издание на единствената триатлон-трка што се организира во Скопје, која од година в година разбудува се поголем интерес кај триатлонците од Македонија, но и од регионот, како и од рекреативците, што сакаат да се пробаат во овој спорт.