30 милиони денари преку оглас на владата за финансиска помош на невладиниот сектор

И невладините организаци се вклучуваат со мерки за справување со корона-кризата. Ќе ги финансира Владата со фонд од 5 милиони евра. Една невладина може да добие меѓу 10 и 15 илјади евра. Во огласот се наведени дваесет критериуми за проекти кои треба да се сработат.

Во куса порака генералниот секретар на Владата одговори: 

„Kритериумите се согласно потребиоте за реализација на проектот.“ - вели Драги Рашковски

Опозицијата обвинува за изборен поткуп на невладините. Тие пак порачуваат дека овие пари ќе стигнат до најпогодените, социјално-ранливи категории кои останале без денар во време на пандемијата. 

Каранфилова како претседателка на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор потсетува дека во април Владата на нетранспарентен начин ги укина финансиските средства наменети за граѓанското општество. СДСМ  веќе не бира начин за изборен поткуп, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

„СДСМ во полн ек се спрема за изборите и не се бира начин како да се врши предизборниот поткуп. Овој пат таргет е невладиниот сектор. Затоа ги повикуваме надлежните институции да истражат како се врши овој очигледен обид за поткуп за изборите пред целата македонска јавност. Можеби ова е таа нова ненормалност која ја најави нивниот лидер.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред околу 2 месеца 73 невладини реагираа до Владата да ја промени одлуката за драстично намалување на финансиите, односно 525 илјади евра кои се наменети за граѓанскиот сектор. 

Според денешниот оглас, невладините организации кои ќе ги исполнат критериумите треба да го реализираат проектотот за шест месеци. Квалитетот на програмите ќе се врши според бодување по 4 точки на квалитет. Огласот трае до 11 јуни.