30 години од атентатот на првиот македонски претседател Киро Глигоров истрагата не е мрдната од мртва точка

Имаше траги, но и докази со елементи за вистинска истрага за откривање на вистината. Но службите потфрлија, атентатот врз Глигоров беше политички сценарио. 

30 години од обидот за убиство на првиот врховен командант и претседател - експертите со свои претпостави, но и прашања за можните нарачатели и извршители, дали можело и зошто не бил превениран атентатот.

На конференцијата : „Кој и зошто пукаше во обновената македонска држава“ дел од учесниците сметаат дека атентатот е дело на српските со поддршка на македонските безбедносни служби и политичка елита. 

Зоран Доревски во годината на атентатот како втор човек на Шестата управа - вели дека истрагата затаила - иако имало сведоштва на луѓе кои го служеле атентаторскиот тим. 

Новинарот Зоран Петров вели дека истрагата била закочена. За прв пат објави дека тој и неговото семејство трпеле закани - откако ги напишал првите новинарски извештаи за атентатот. 

По три децении - истрагата само утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран. Но кој стоел зад него кои се причните и мотивите се уште непознати - а истражната постапка која се води против непознат сторител отворена.