30 актери во конкуренција за наградата „Ристо Шишков“ на истоимениот фестивал во Струмица
Foto

30 актери во конкуренција за наградата „Ристо Шишков“ на истоимениот фестивал во Струмица

Во големиот градски парк во Струмица под отворено небо на сцената на „Струмица опен фест“ стартуваше годинешново издание на фестивалот „Ристо Шишков“ посветен на актерската игра. Чњста да го отворат 28. издание го имаа актерите од Струмичкиот театар кои ја изведоа преставата „Умри машки“ од Алдо Николај во режија на Кире Ѓеоргиев. 

Заради пандемијата со Ковид-19 годинава на фестивалот ќе бидат само домашни актери, кажа градоначалникот на Струмица, Јаневски на отворањето на фестивалот.

Во конкуренција за единствената фестивалска награда на ФКТ „Ристо Шишков“ - наградата за најдобро актерско остварување се 30 актери од 8 претстави од земјава. Сите тие на сцената во градскиот парк ќе се обидат да остават силен впечаток пред жирито. 

Директорот на фестивалот Патриков смета дека конкуренцијата и годинава е силна.

Фестивалот ќе заврши на 13. август кога ќе биде доделена и наградата за најдобро актерско остварување во вредност од 1.500 евра и златен медалјон со ликот на Ристо Шишков.

0 Коментари

Остави коментари