3-ти декември ден на лицата со попречености: Да ги менуваме стереотипите
Foto

3-ти декември ден на лицата со попречености: Да ги менуваме стереотипите

„Кога се сака силно се се може и ние го докажуваме тоа." - вели стружанецот Даниел Шикоски кој напиша книга под називот "Клуч" и денеска ја промовираше на денот посветен на лицата со попречености.

Пораката е едноставна вели тој, да ги менуваме стереотипите со успеси.

Игор Шајноски е еден од примерите на лица со попреченост кои никогаш не се откажуваат од замислената цел.Сеуште е најуспешниот уличен продавач на весникот "Лице в Лице".

На денот посветен токму на нив лицата со попречености бараат подобри услови за живот. Освен промоцијата на книгата Клуч денеска во Струга беше промовирана изложбата " И јас сум тука"  од авторите Тошо Огањанов и Сребра Ѓорѓиејвска и видеото „Преку вработување со поддршка до независен живот" од Здружението "Порака Нова". Во чест на денот се одржа и трибина на тема ,,Слушнете ги нашите приказни".

0 Коментари

Остави коментари