29 годишна битолчанка е жртвата во сообраќајната несреќа во Грција

Битолчанка е 29-годишната девојка која загина вчера во сообраќајна несреќа во Грција. Таа е единствената жртва во страотниот судар на три возила, кој се случи на пет километри пред Солун.

Според соопштението на грчката полиција, автомобилот со македонските државјанки прво се судрил со возило управувано од 74-годишен Грк, а потоа во нив удрил трет автомобил, управуван од 52-годишен жител на Грција. 29-годишната Битолчанка добила смртни повреди, а тешко се повредени и двете 24-годишни девојки, но и возачот на возилото со кое се судриле. Од македонското Министерство за надворешни работи испратија соопштение за несреќата, без да наведат детали за здравствената состојба на повредените.

„Засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што две се хоспитализирани.

Според грчките медиуми, една од повредените била интубирана и пренесена во болница во Солун од грчката спасувачка служба и таа е во сериозна остојба. Сериозни повреди има втората повредена, која била оперирана во болницата во градот Верија. Од снимките кои грчки медиуми ги објавија, се гледа дека двете возила се целосно уништени. Пожарникарит морале да го сечат макеоднското возило за да ги извадат повредените и жртвата. Засега, ниту МНР ниту грчките официјални извори не ги соопштуваат причините за страотниот судар. Од надворешни понудија помош на семејствата.

Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома.

Сообраќајната несреќа се случи на автопатот Егнаита, вчера околу пладне, на првиот ден од продолжениот викенд, кога колони возила на илјадници Македонци се упатија кон грчките летувалишта и плажи.