28-годишно момче се удави во велешкото езеро „Младост“
Foto

28-годишно момче се удави во велешкото езеро „Младост“

Момче на возраст од 28 години се удави попладнево во водите на велешкото езеро „Младост. Несреќата се случи околу 15:30 часот, кога момчето кое било од Скопје, заедно со неговиот татко и уште неколкумина други луѓе се капеле во езерото, во близина на бродот „Панини“.

Во еден момент, момчето потонало, но другите не забележале веднаш дека го нема. По извесно време почнале да го бараат, повикале и полиција, која пак, ја алармирала Противпожарната единица до Велес.

Дденес околу 15.30 часот пријавено е дека во водите на езеро „Младост“, М.С. роден 1992 година од Скопје се удавил. Телото е извадено. Се врши увид на местото на несреќата“, соопштија од МВР.

 

0 Коментари

Остави коментари