25 нови случаи на голема кашлица за една недела

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека во периодот од 26 јули до 1 август 2024 година биле пријавени 25 нови случаи на голема кашлица во Северна Македонија. Повеќето од случаите се пријавени во Скопје, а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и Тетово.

Тројца од заболените се хоспитализирани. Возраста на заболените се движи од 2 месеца до 50 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 0 до 4 години.

Од ИЈЗ додаваат дека 17 од заболените се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус.