25 години во балетската професија: Примабалерината Марија Кичевска Шокаровска за ТВ 24

„Ми се исполнија сите замисли и соништа во балетската кариера”, вели примабалерината и уметничка раководителка на балетот во Националната опера и балет, Марија Кичевска Шокаровска.

За нејзините улоги, искуства од светските балетски центри, но и за следните ангажмани, Кичевска Шокаровска разговараше со нашата колешка Марија Латиновска.

Целото интервју ќе можете да го гледате следниот викенд во емисијата за култура, “Неделен микс”.