24 Тема: Колку сообраќајната инфраструктура може да биде пресудна за човечкиот живот

Ова е еден од скопските подвозници... Мирис на фекалии, отпад, слаба осветленост. 

Ова е надвозник над еден од најфрекфентните булевари во Скопје на скопски битпазар, затворен за пешаци . 

Се наоѓаме на надвозникот во Влае кој додека бевме тука 30 минути не го искористи ниту еден пешак.

Причината за најчести сообраќајни несреќи е поради невинателноста и непочитувањето на правилата и прописите, вели Дејан Андонович од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Дејан Андонович - Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата: „ Најживотно загрозувачки сообраќани несреќи се возење под дејство на алкохол, непочитувањето, поминување на црвено и неприлагодена и непропишана брзина. Во однос на тоа како седиме на светско ниво, далеку сме под европскиот просек но, морам да кажам и порај овие оделни инциденти кои се случуваат имаме намалување на бројот на жртвите во сообраќајот, но тоа е изминатите години намалување па малку зголемување, генерално имаме голем број на инциденти на улиците и патиштата поради невнимателност. Човечкиот фактор е главната причина за сите сообраќајни незгоди. “

Ги  прашавме  граѓаните дали  преминуваат на пешачките премини  на булеварите или користат подвозници или надвозници.

Анкета: 

„Затоа што се гнасни, си поминал таму да видиш, се е мочалник и вц направено.“00146

„За надвозници тешко, али пешачки да.“ 00147

„Ако има подвозник ќе користам, ако не идам на семафорите каде што се.“ 00032

„Пешачки, сега некад се случува ако е хитно знаеме и да прекршиме“00033

„На пешачки премин каде што се семафорите, ова поминете погледајте да видите колку е нечисто хигиената е нула, скоро имаше поплава вода, ѓубре.“00034

„Секогаш пешачките премини, сега е отворен, не беше отборен никогаш не можеме да го користиме тој, не сме го користеле досега поради тоа што затворено имаше вратниче не можеш да влезеш внатре.“

Не само градските булевари туку и автопатите се небезбедни. Поради неодамнешните сообраќајки на експесниот пат Ранковце – Крива паланка Јавното претпријатие за државни патишта  изработи дополнителна сообраќајна проектна документација на експресниот пат за поголема   безбедност на учесниците на сообраќајот. 

ЈПДП: „Поради неодамнешните сообраќајни незгоди кои се случија на патната делница, Јавното претпријатие за државни патишта презема активности за да се изработи дополнителна сообраќајна проектна документација, со што ќе се зголемат мерките и ќе се подобри безбедноста на учесниците на сообраќајот, а која исто така ќе биде согласно со важечките стандарди. Очекуваме во најкраток временски период документацијата да биде одобрена од институциите и да ја инкорпорираме на патната делница.“

Дел од пешачките премини на булеварите во главниот град не се ни познаваат дека се пешачки премини, поради тоа што се избледени, знаците демолирани или воопшто ги нема. Состојбата на патиштата и безбедноста  е во фокус на јавноста поради последната кобна несреќа на булеварот „Партизански одреди“  каде животот го загуби младата Фросина Кулакова. 

Во меѓувреме, во петок во Собранието на предлог на владејачкото мнозинство ќе има јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот. И првиот човек на опозициската СДСМ Филипче најави дека ќе  предложи законски решенија за поголема безбедност пред училиштата и во сообраќајот.