24 сторија: Судска голгота на прилепчанката Павлина Илиоска по рутинска стоматолошка интервенција

Отишла да извади заб, а завршила со тешка скршеница на вилицата .Прилепчанката Павлина Илиоска во 2020 година поминала тешка здравствена голгота за навидум едноставна интервенција во Прилепската болница и оттогаш сиве овие години е уште една во низата граѓани кои неуморно бараат правда низ македонските судски лавиринти, притоа трпејќи физички и психички последици поради како што вели лекарска грешка. 

Оттогаш до денес борбата за правда на Павлина е на релација Основен Суд Прилеп - Битолска апелација. За овој случај да добие завршница поминати се пет години.Во меѓувреме се менувале судии, адвокати, вештаци и стручни мислења.

Обвинителството констатира дека овде има случај бидејќи таква тешка повреда може да настане само при интервенција додека одбраната тврди дека повредата може да се случи и меѓу две интервенции. Предметот сега е во Битолска апелација која побарала ново супервештачење. Делото застарува во август оваа година па одолговлекувањето според Павлина е токму тоа, да застари и никој да не одговара што впрочем е и нејзиниот најголем страв.

Низ солзи Павлина вели дека правдата ја бара за да има одговорност кај лекарите кои ја направиле грешката но и да ги заштитити останатите граѓани да не се најдат во таква состојба. 

ТВ 24 испрати писмено прашања до Основниот суд Прилеп  во однос на предметот но до емитувањето на прилогот одговор на добивме.