24 сторија: Со пет илјади денари месечно, 32 годишна прилепчанка мора да нахрани петчлено семејство
Foto

24 сторија: Со пет илјади денари месечно, 32 годишна прилепчанка мора да нахрани петчлено семејство

32 годишна самохрана мајка од прилеп и нејзините две деца едвај врзуваат крај со крај. Со социјален надоместок од пет илјади денари, Милица Димеска мора да го прехрани своето семејство, но и да ги плати сметките. Згора на се, таа мора да се грижи и за нејзините родители, кои се без примања, а со нарушено здравје. Милица работела во тутунскиот комбинат. Но, поради лошата состојба, менаџментот и понудил отпремнина за да си замине од работа. Понудата ја прифатила, оти можела да остане и без работа и без пари. Со отпремнината, успеала малку да ја прикрпи куќата во која живеат. Но, тоа не е доволно за живот. Долговите се натрупале, па сега и се заканува исклучување на струјата. Вели дека ќе прифати секаква работа, за да може да ги прехрани своите деца.

Социјалниот проблем на оваа жена може да се ублажи, ако таа успее да го докаже татковството на своите деца, 13 годишна ќерка и едногодишен син. Тие се од двајца различни татковци и се родени вонбрачно. Милица била верена со својот прв партнер, но на неколку месеци пред да се роди ќерката, веридбата се растурила. Слична судбина доживеала и со својот втор партнер. Татковците сега не сакаат ни да слушнат за старателство. Таа пак, нема пари да покрене судски спор за дакажување на родителството, што ќе и овозможи право да бара алиментација.

Милица Димеска апелира до институциите за помош. Вели дека државата малку прави за згрижување на ранливите категории граѓани. И покрај животните тешкотии, таа наоѓа време и за граѓански активизам, преку кој се бори за системско решавање на ваквите проблеми.

 

0 Коментари

Остави коментари