24 сторија: Нема училиштен превоз за учениците од кратовско - одат пешки или плаќаат такси

Екипата на ТВ 24 денеска се упати во Кратово. Зоран Стојановски родител на дете со посебни потреби реагира дека училишниот превоз е преќинат веќе четврти ден. Превозот бил бесплатен, а овиде денови плаќаат такси превоз кој во еден правец чини околу 130-150 денари, а кога е слободен тој ја носи својата ќерка која е шесто одделение. Посочува дека се живее во кризно време во кое цените се значително повисоки. Вели дека иако се обидел да стапи во контакт со директорката на ОУ Кочо Рацин, Марина Бојковска-не успеал да ја добие, а воедно и понатаму чека известување зошто училишниот превоз е прекинат во ек на учебната годна. 

Со директорката на ОУ Кочо Рацин, урово, не можевме да стапиме во контакт. Но сепак упорноста вредеше. 

Екипата на ТВ 24 успеа да стапи во контакт со директорката Марина Бојковска, која не сакаше да дад изјава пред камера... Таа вели дека денеска во 18ч е закажана ел. Аукција, а веже во текот на наредната недела очекува непречено да се одвива училишниот превоз.....

Бојковска, зад камерата вели дека училиштетото секој година распишува тендер, но оваа година доцнат затоа што доцна бил донесен ребалансот и се нашле во ситуација во која не можеле навремено да ги подготват програмите. Велат дека договорот траел до 31.08. , а со анекс бил продолжен договорот уште 15дена. На прашањето дали родителите и учениците биле наврмено известени, директорката вели дека класните раководители ги известиле навремено, а било објавено и на веб страната на училиштето. 

Вкупната бројка на ученици во училиштето е околу 420, а бројката на ученици кои го користат училишниот превоз е од 40-50 учениците вели родител од советот на родители. Има ученици кои претходно го користеле училишниот превоз, а сега или нивните родители се снаоќаат со превоз, некои пак се префрлени на онлјан настава, а има такви ученици кои поради немањето можност од компјутери и онлјан настава, добиваат материјали од училиштето секоја недела, вели директорката.

Бојковска истакнува дека постапката е во тек. Го контактиравме и градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски.

Бојковска и Тодоровски велат дека станува збор за технички проблеми, а аукцијата е во тек.

Стојановски пак, нагласува дека не обвинува никого, ниту директорката ниту локалната управа, туку само бара известување колку време би траела постапката и дали во најбрз можен рок проблемот би се решил. Потенцира дека ќерката која е во посебна паралелка, со радост го чека секој нареден ден за да оди во училиште, а периодот кој бил за време на пандемијата и таа кога не можела да оди во училиште посакува да не се повтори.