24 СТОРИЈА: МИТРОВСКА НОЌИТЕ ГИ МИНУВА БУДНА ОД СТРАВ ДА НЕ ПРЕМРЗНЕ И ЖИВЕЕ СО СОЦИЈАЛНА ПОМОШ
Судбината на педесет и осум годишната Убавка Митревска е тегобна, сиромаштијата и бедата како мачна сенка ја следат цел живот, влошувајќи и го нејзиното здравје. Нозете и се премрзнати, прстите и крварат од подмолниот студ, секоја вечер седи будна од страв да не премрзне. Четири години живее во трошна куќа во селото Клечовце, тука ја сместиле од Центарот за социјални работи во Куманово, откако претходно две години престојувала во прифатниот центар за бездомни лица во Чичино село. Но како што вели, во прифатилиштето била малтретирана од луѓето кои ја делат истата животна приказна со нејзе. Сакала да се врати во куќата каде што живеела пред да се разведе од сопругот во црковната куќа во Добрешане, но во меѓувреме куќата била урната, но и таму условите биле очајни. Децата не живеат со нејзе, ниту се грижат. Во оваа куќа четири години преживува сама со студ, глад и без вода, секој ден со раскрварени нозе оди да донесе вода, живее од привремена социјалана помош од две илјади петстини денари. Водата и е исклучена затоа што наследила неплатен долг.
Убавка не бара многу, малку дрва за огрев, исправен шпорет да може да се стопли, има повеќе здравствени проблеми, вели дека постојано паѓа, но дека тоа и било затоа што гладта ја изнемоштува.
Од Центарот за социјални работи велат дека работат на случајот да го платат долгот за оваа жена да добие конечно вода. Од таму велат дека почесто и даваат еднократна помош од четири илјади денари, но законот не им овозможува дополнително да и помогнат, живеела далеку за може да користи бесплатен оброк. Убавка пред заминување ни рече дека ние сме и последна надеж, конечно некој да го слушне нејзиниот повик за да ја спаси од агонијата во која живее. Нејзините деца не ги обвинува, вели дека и нив животот не ги поштедил.

