24 репортажа по скопските кафулиња, по воведувањето на мерките
Foto

24 репортажа по скопските кафулиња, по воведувањето на мерките

Граѓаните не се задоволни од новите мерки, а дел од нив сметаат дека одлуката за воведување на задолжителен сертификат за вакцинација за влез во угостителски објект е избрзана.

Угостителите незадоволни од владините мерки. Тврдат дека им е проблем да вработат редари, па поради тоа вработените стојат на врата и ги проверуваат сертификатите за вакцинација на гостите. Сепак, повеќето објекти работат со капацитет до 30 посетители, колку што е дозволената бројка на гости на отворено, без потреба да се приложи документ за вакцинација или медицинска потврда за прележан ковид во последните 45 дена.

Иако мерките штотуку стапија на сила, сепак некои сопственици веќе се одлучија да стават клуч на брава на нивните објекти. Таков е и примерот со локалот на претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски, кој нагласи дека се до укинувањето на овие мерки на Владата, неговиот објект ќе биде затворен.

Новите мерки важат и за посета на каков било настан - прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани на отворено, а се однесуваат за лица над 18 години.

0 Коментари

Остави коментари