24 Отворено: Сите бараат закони и правда, но, кој бега од нив?
Foto

24 Отворено: Сите бараат закони и правда, но, кој бега од нив?

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за Законот за јавно обвинителство имаше многу забелешки кои не беа инкорпорирани во него. Според Данев, протестот на СДСМ за правосудството е еклатантен доказ до каде се реформите и испорачаните ветувања. Законот за ЈО и другите закони, како Законот за јазици, за уставот и др. треба да се носат со консензус.

„Тој закон треба да биде мост меѓу сите политички партии. Власта е таа која креира политики и мора да има одговорност.” - потенцира Данев.

Мухамед Зекири од СДСМ потенцира дека и неговата партија и граѓаните не се задоволни од судството. Судовите вели не се ефикасни во спроведување на законите. Законот за јавно обвинителство се донесе за да не пропаднат предметите и истрагите кои ги отвори СЈО.

“Предметите се живи, истрагите се живи и сега судот ќе може да постапува слободно. Без законот сите предмети ќе паднеа во вода. Ниту еден случај не се базира само на снимките – бомбите туку има и материјални докази. С ВМРО ДПМЕ го кочеше законот- вели Зеќири.

Новинарот и аналитичар Сашо Ордановски смета дека законите не се пресудни за функционирање на правото. Вели проблемот е со интегритетот и кадровскиот состав во судовите, отколку законите.

„Македонија мора да расчисти со случаите на СЈО, дел се многу компликувани. Законите важат за сите подеднакво и зависи колку обвинителите ги туркаат тие предмети. Треба што побрзо да се затворат овие случаи- потенцира Јордановски. На овие избри според него политичките партии треба да се потрудат осомничените во овие случаи да не ги стават на кандидатските листи.“ - вели Ордановски.

Новинарот Предраг Димитровски додава дека е несватливо за помалку од 24 часа и обвинител и суд да сменат одлука – конкретно да се исклучи јавноста за случајот Рекет” каде требаше да се слушаат снимките од разговорите помеѓу обвинетите во случајот. На овој начин, вели се оставаат сомнежи што се крие зад сето ова.

0 Коментари

Остави коментари