24 Отворено - Неизвесен датум за државна матура
Неизвесен датум за државна матура. Средношколците и родителите во хаос, вработените на Државниот испитен центар бараат покачување на платите. Поради неисполнетото барање од министерството за финансии за зголемување на платите, вчера штрајкувачкиот одбор на ДИЦ од мон побара да го измени календарот за полагање на двата екстерни испита кои се закажани за 27 мај и 10 јуни. Министерството за образование пак бара да не се злоупотребува државната матура. Како ќе се најде излез од оваа ситуација?
Гости во 24 Отворено се министерот за образование Јетон Шаќири, Емилија Бошковска, претседател на Синдикалната организација при ДИЦ и Анисија Угриновска претседателка на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС).