24 Отворено - Минимална плата - војна во ровови

Власта против Синдикатите! Работниците чекаат, цените растат, а одлуката се одолговлекува.  Дали Слободан Трендафилов игра по нотите на опозицијата, како што тврди власта? Или ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваше во опозиција, а друго прави на власт, како што тврди ССМ?

Прво директно ТВ-соочување - синдикалниот лидер Слободан Трендафилов vs. пратеникот Бране Петрушевски, фронтменот на владината офанзива против ССМ. Дали оваа битка за минималната плата ќе донесе решенија или само ќе ја продлабочи кризата?