24 Отворено - Колку граѓанското општество има влијание кога институциите не постапуваат?

Последните случувања ја потресоа и самата Антикорупциска комисија, каде што претседателката е осомничена во случајот Адитив. Додека граѓанските организации бараат оставка, политичките партии чекаат судски епилог. Дали е ова уште еден удар за борбата против корупцијата, или последна шанса за прочистување на системот?

Дебатираат универзитетскиот професор Башким Селмани и Миша Поповиќ од платформата на граѓански организации за борба против корупција.